Celebrity

Рита Ора казнета со 13.000 фунти поради организирање на забава за време на пандемија

Пејачката Рита Ора го прекрши локдаунот во Велика Британија во ноември, кога организираше прослава на нејзиниот 30-ти роденден во ресторан. Тогаш беше казнета со 13.000 фунти, а сега е откриено колку платила за прославата во ресторанот.

Полицијата изјавила дека камерите за надзор биле исклучени во ресторанот „Casa Cruz“, каде Рита Ора оддржа роденденска, забава со цел да се избегне снимање на нејзините славни гости.

Ора претходно се извини за одлуката да го прослави својот 30-ти роденден на 28 ноември, во време кога Велика Британија беше во срединатана вториот бран од Коронавирусот.

Скоти Батараи, готвач во ресторанот, и соопштил на полицијата дека тој дал дозвола да се слави во барот.

Потоа рече дека тимот на Ора му се јавил на неговиот личен телефон, велејќи му дека сакаат да го искористат местото за прослава и му понудиле 5000 фунти.

Бидејќи повеќето од вработените во ресторанот не работеле за време на пандемијата, тој ја дозволил прославата, за да си олесни. Исто така, призна дека бил алчен.

Батараи додаде дека група од седум или осум гости пристигнала во 19 часот, но до 21 часот имало приближно 17 лица на прославата.

Напиши коментар