Celebrity

Родени на ист датум: Шакира и Пике се посилни од сите неволји

Латино-дивата Шакира и фудбалерот Жерар Пике се заедно повеќе од десет години, имаат два сина, не се во брак и покрај тоа што таа наполни 44 години, а тој 34. Тие се сакаат повеќе од кога било.

Љубовната приказна на пејачката Шакира и фудбалерот Жерар Пике е веројатно позната на повеќето нивни обожаватели.

Тие се сретнаа во 2010 година во Мадрид на снимањето на химната на Светскиот куп, што се одржа во Африка таа година.

Колумбиската пејачка тогаш беше маѓепсана од младиот шпански играч на сетот, а пријателството продолжи во Африка, кога, како што вели Жерар, дошол до финалето само за да ја види повторно (Шакира ја испеа химната „Вака Вака“ во финалето) .

Останатото го знаеме, Пике стигна до финалето, Шпанија ја победи Холандија со 1-0, а пејачката и фудбалерот се заедно повеќе од една деценија и имаат две деца, синовите Милан (8) и Саша (6).

Шакира и Пике исто така се родени на ист ден, 2 февруари, освен што меѓу нив има точно десет години разлика.

Многу Колумбијци рекле дека има премногу разлика меѓу нив и дека тоа нема да успее затоа што нејзиниот партнер сепак бил „момче“, но таа не ги слушала нив. Тие сеиште не стапиле во брак спротивно на советите од нивните блиски пријатели и сè уште им оди добро. Пејачката еднаш објасни зошто не се омажи.

“Искрено, бракот ме плаши. Не сакам да ме гледа како жена му, туку повеќе како девојка, љубовница. Тоа е како забрането овошје, претпочитам да го држам на готовс и да мислам дека сè е можно во зависност до неговото однесување “- рече таа.

Едно време се зборуваше дека нивната врска е во криза, наводно затоа што Пикек бил зависник од коцкање, но сега се чини дека сè стои зад нив.

Напиши коментар