Celebrity

Роуан Аткинсон: „Пријатели“ украдоа сцена од „Мистер Бин“

Роуан Аткинсон ја обвини серијата „Пријатели“ за кражба на една сцена од „Мистер Бин“.

Комичарот го изјави ова во новата ITV серија која му оддаде почит на култниот лик, Мистер Бин, по повод неговиот 30-ти роденден. Во емисијата наречена „Среќен роденден, господин Бин“, Аткинсон се присети на сцената од 1992 година во која трча со мисирка на главата.

Шест години подоцна, американскиот ситком „Пријатели“ ја рекреираше истата шега во својата епизода „Таа со сите Денови на благодарноста“, во која се појавува Џои (Мет Лебланк) избезумен трчајќи со мисирка на главата. Моника, исто така, носи мисирка на главата подоцна во епизодата.

„Кога го направивме Мистер Бин во 1996 година, решивме да направиме плагијат од самите себе, па повторно ја искористивме истата шега. Во 90-тите години беа снимани и „Пријатели“, кои ја украдоа финтата“, истакна Роуан Аткинсон.

Поради повторната употреба на шегата во филмот, голем број гледачи веруваа дека „Мистер Бин“ всушност ја украл сцената од „Пријатели“. Гостин во документарниот филм е и Ричард Кертис, соработник на Аткинсон, кој е автор на сцената со мисирката.

„Целосно сум изненаден од она што го направија. Штотуку видов сè пред некој ден. Буквално не можам да верувам што се случи. Бизарно е “, рече Куртис.

„На крајот, знаете како велат – не можете да украдете шега. Тие се тука за да бидат украдени или за да инспирираат. Да ги инспирираат другите “, заклучи Аткинсон.

Напиши коментар