Шегите и насловните страници на списанијата создадоа гласина за русокосите дека се најпосакувани. Дали е тоа навистина така?
Одговорот е не!
Д-р Вернер Хабермел, од Институтот за истражување во Хамбург, спроведе студија споредувајќи ги навики и вкусовите на неколку илјади Германци со бојата на косата на нивните партнери. Заклучокот е дека црвенокосите жени имаат далеку поактивен љубовен живот од другите, пренесува порталот Метро.
Објаснувањето е прилично едноставно – тие полесно привлекуваат внимание, бидејќи се издвојуваат од толпата, ги нема премногу, а не помалку важен е и фактот дека нивната „ пламена “ коса потсетува на младост и плодност.
Сите овие карактеристики, кога се комбинираат, ги доведуваат до самиот врв на посакуваност кај мажите, според д-р Хабермел.