Секоја приказна има две страни… упс, понекогаш има три. Сабрина Карпентер ја објави својата нова песна „Skin“ во петокот на 22 јануари – а фановите се убедени дека ова е нејзиниот одговор на хитот на Оливија Родриго „Driving licence“.
Драмата меѓу sвездите на музичката серија Highschool musical започна на 8 јануари, кога Родриго објави хит-песна во која пее за „русокоса која секогаш ме тера да се сомневам“, иако во оригиналната верзија на песната (што протече на Instagram) пејачката зборува за „бринета“.
Родриго очигледно пее и за Џошуа Басет, со кого беше во врска пред да се слушнат гласините дека сега е со Сабрина. „Изгледа дека не го мислиш тоа што го пееш во песната“, пее Оливија во песната, осврнувајќи се на хитот на Џошуа во 2020 година, „Anyone Else“.
Среде драмата, Џошуа ја објави песната Lie, Lie, Lie во која пее: „Не можеш да ме извадиш од умот / О, знам дека лажеш низ забите.“
Иако текстот на синглот на Басет беше нејасен, фановите веднаш дојдоа до заклучок дека песната на Сабрина Карпентер „ Skin “ е за него и за Оливија. Иако Сабрина јавно не ги коментираше теориите на фановите, еден од стиховите во песната „ Skin “ гласи – „Можеби „русокосата“беше само заради рима“.
Во последните неколку недели, Оливија постојано избегнуваше прашања дали „ driving licence “ била инспирирана од овој љубовен триаголник.
„Јас целосно ја разбирам љубопитноста на луѓето кога станува збор за специфични луѓе за кои се зборува и за што зборуваат, но за мене тоа е навистина најмалку важниот дел од песната. Им се допадна песната затоа што е емотивна и мислам дека сè друго не е важно“, рече таа.