Celebrity

Сè поради новиот тренд: Били Ајлиш изгуби 100.000 следбеници на Инстаграм!

Деновиве, моменталниот тренд е „Објави фотографија“, каде корисниците на социјалните мрежи ги прашуваат своите следбеници каква фотографија сакаат да објават. Тука има разни работи: од детството, првиот состанок, последната книга, најлошата фризура – но, кој би рекол дека некои ќе се најдат навредени од овој тренд.

Били Ајлиш е една од оние кои учествуваа во овој тренд, но во нејзиниот случај, тоа ја чинеше 100 илјади следбеници – сето тоа затоа што објави цртежи од женски гради.

Што се случи тука? Во основа, обожавателите ја замолија Били да објави слика од заклучениот екран на телефонот, како и цртеж со кој е навистина горда – и таа ги сподели двете слики подолу (заедно со натписот „Сакам гради“).

Фановите веднаш забележаа дека Били изгуби 100.000 следбеници откако ги сподели фотографиите:

Откако го виде овој пост, таа напиша: „LMFAOOO сите сте бебиња“, така што се чини дека не се потресе премногу поради ова.

Напиши коментар