Celebrity

Се породи американската актерка: Ема Робертс и Герет Хедлунд добија син!

Американската актерка, Ема Робертс (29) и нејзиниот партнер, актерот Герет Хедлунд, станаа родители на машко дете, на кое му го дадоа името Родос, пренесуваат странските медиуми. ТМЗ известува дека Ема родила здраво момче и дека мајката и бебето се добро.

„Сите се здрави“, изјави извор близок на парот.

Да потсетиме, тие ја започнаа својата врска во 2019 година, откако Ема ја раскина свршувачката со Еван Питерс.

Напиши коментар