Уште од рана возраст, родителите нè учат да бидеме искрени, но има луѓе кои користат лаги и во врските и во односите со луѓето, воопшто.
Експертот за говор и однесување на телото, Џуди Џејмс, откри за „Fabulous“ како жената може да препознае дека партнерот ја лаже.
„Лажговците се чувствуваат помалку виновни од искрените луѓе, па затоа сигналите за говорот на нивното тело може да бидат помалку очигледни. Исто така, лицето кое ја кажува вистината под притисок може лесно да остави неубедлив впечаток, па затоа постои ризик да се донесе погрешен заклучок“, вели Џуди.
Прекин во говорот
Бидејќи измислувањето лаги трае подолго време отколку кога се кажува вистината, лажговците често прават подолги паузи за време на разговорот пред да започнат со излагањето.
Во обид да ги прикријат своите вистински емоции, тие ќе се однесуваат поинаку, а тоа бара добра подготовка.
Подигање веѓи, повторување реченици, пелтечење – сето тоа се сигнали кои покажуваат дека вашиот партнер не е искрен.
Избегнува контакт со очите
Тие најтешко ги контролираат рацете, нозете и очите и сите се свесни за тоа. Ова е поткрепено со фактот дека играчите на покер често носат очила за време на играта, така што другите натпреварувачи не би ги откриле нивните тактики.
Поради тоа, луѓето, додека лажат, избегнуваат да го гледаат соговорникот директно во очите и знаат да погледнат настрана. Сепак, токму овој потег може да ја открие нивната неискреност.
Премногу движење на рацете
Ако ви се чини дека вашиот партнер мавта со рацете повеќе од вообичаено или зборува премногу брзо, тоа може да биде знак дека ве лаже.
Мавтајќи со рацете, честопати го одвлекува вниманието од лицето, а понекогаш ќе ги покаже дланките и ќе ги рашири рацете неколку пати за време на гестикулацијата, како да сака да ве убеди дека не крие ништо.
Покер израз на лицето
Изразот на лицето познат како „poker face“ се однесува на неутрален израз, со кој соговорникот се обидува да ги скрие своите чувства.
Ако вашиот партнер изгледа премногу тврдо или неприродно, постои голема можност да ве лаже.
Искривена насмевка
Изразот на лицето на лажлива личност може да создаде асиметричен изглед кога се обидува да се насмее, што доведува до искривена насмевка.
Вербални и невербални сигнали
Кога зборовите ви кажуваат една приказна, а говорот на телото друго, односно кога зборовите и говорот на телото не се согласуваат, секогаш запомнете: полесно е да се лаже со зборови отколку со гестикулации.
Мали ритуали
Познато е дека сите луѓе имаат „слаба точка“, односно ритуал што несвесно го прават додека лажат.
Некои луѓе ќе седат со скрстени нозе додека лежат, други ќе ги прекрстат рацете преку градите, а некои ќе се чешкаат зад ушите.