Free zone

Секојдневни навики кои нè прават попаметни

Постојат работи што можат да ја подобрат функцијата на мозокот, да влијаат на креативноста и да го подобрат начинот на донесување одлуки.

Саркастични колеги
Во една студија, се покажа дека учесниците подобро ги решиле дадените проблеми, откако слушнале некој саркастичен коментар. Покрај тоа, тие биле трипати покреативни од групата што слушнала искрен коментар. Сарказмот го тера мозокот да размислува апстрактно и да влијае на иновативноста.

Благодарност
Научниците покажаа дека луѓето кои се благодарни заработуваат повеќе пари. Покрај тоа, благодарноста значи дека не носиме импулсивни одлуки и не ризикуваме.

Исхрана
Избегнување на одредена храна, како што се преработена храна и транс масти, влијаат на подобро функционирање на мозокот. Големата количина маснотии ги намалува когнитивните способности и го намалува успехот на тестовите, покажа истражувањето.

Мобилен телефон
Во новата студија, корисниците на iPhone, на возраст меѓу 18 и 24 години, решиле загатки составени од два збора, додека нивните телефони биле на аголот од собата. Кога телефоните биле поблиску до учесниците, тие имале подобри резултати отколку кога телефоните биле далеку од нив.

Истражувачите сугерираат дека колку е поблизу телефонот до нас, толку полесно е да функционираме, бидејќи не размислуваме каде е нашиот телефон.

Изработка на список
Среќата и самодовербата влијаат на интелигенцијата, а правењето список на работи што треба да се направат и обележувањето на завршените предмети влијае на нашите умови. Имено, кога на крајот на денот ќе видиме што сме постигнале, со помош на списокот, ни се крева нивото на самодоверба.

Напиши коментар