Celebrity

Селена Гомез објави нова песна: „Мислам дека подобро пеам на шпански“

Селена Гомез денес објави нова песна на шпански јазик наречена “De Una Vez”.

„Јас сум неверојатно гордa на моето латинско потекло. “De Una Vez” е прекрасна химна на љубовта “, изјави Селена.

Таа додаде дека овој сингл е само почеток на приказната што долго време сака да ја започне. Таа исто така истакна дека со нетрпение ги очекува реакциите на обожавателите, како и дека се надева дека ќе им се допадне песната.

„Знаете што е смешно, јас всушност мислам дека подобро пеам на шпански јазик. Тоа го открив“, продолжи Селена.

„Имаше многу работа затоа што не смеете да изговорите ништо погрешно. Изговорот на зборот е нешто што требаше да биде прецизно и што публиката ќе го почитува. Секако дека сакам сите да уживаат во музиката, но ова е за моите обожаватели. Му оддавам почит на моето наследство, што ме возбудува“, додаде таа.

Во 2010 година, Гомез ја претстави “Un Año Sin Lluvia”, нејзината прва песна на шпански јазик, што всушност беше преработка на песната “A year without a rain”.

Напиши коментар