Серијата “Bridgertorn” го воодушеви светот со својата прва сезона, која е достапна на Нетфликс од минатиот месец, а фановите уште од почетокот се прашуваа дали ќе ги гледаме и продолженијата.
Она што многумина не го знаат е дека серијата се базира на сериите книги од Џули Квин, кои ги има дури осум, но дали сите ќе бидат прикажани? Изгледа дека да.
Втората сезона е веќе во фаза на изработка, а креаторот на серијата, Крис Ван Дусен, во едно интервју откри дека би сакал да ги сними сите 8 сезони на серијата.
Дафне и Симон беа во фокусот во првата сезона, но серијата има толку многу интересни ликови, што значи дека во другите сезони можевме да видиме повеќе други “Bridgertorn” браќа и сестри.
Дали серијата ќе има продолжение зависи само од успехот и гледаноста на првата сезона, а неофицијално се зборува дека серијата ги сруши сите рекорди.
Дефинитивно има материјал за уште 7 сезони – книгите од серијата се напишани на таков начин што секоја книга се занимава со еден брат или сестра од главното семејство, додека последната се занимава со сите.