Celebrity

Шетачот на кучињата на Лејди Гага – застрелан, а нејзините два француски булдога, украдени !

Шетачот на кучиња на Лејди Гага, чие име властите не го објавија, наводно бил застрелан додека синоќа ги шетал француските булдози на Гага – Мис Азија, Коџи и Густав – во Западен Холивуд.

Тој веднаш бил пренесен во блиската болница и според Си-Ен-Ен, за среќа, „добро закрепнува“.

Според „Дејли меил“, двајца мажи откако го застрелале шетачот на кучињата, ги украле Коџи и Густав. Мис Азија успеала да им избега на атентаторите и подоцна била спасена од првите лица на кои наишла.

Момчето моментално се опоравува, а Гага нуди 500.000 долари награда за нејзините кучиња.

Гага моментално е во Рим и ја снима претстојната драма за убиството на „Гучи“. Иако не е во САД, извори блиски до Гага изјавија дека таа очигледно е крајно вознемирена од оваа вест и нуди 500.000 УСД на секој што е во состојба безбедно да ги врати Коџи и Густав, без поставување прашања.

Претставникот на Гага вели дека секој што има какви било информации за Коџи и Густав може да испрати е-пошта на KojiAndGustav@gmail.com

Напиши коментар