Девојки , искорисете го позитивно овој ден и да кажете: “Јас сум женско суштество, го претставувам женскиот принцип во ова општество.
Сакам улиците да бидат почисти, сакам повеќе убавина, сакам други приоритети, нови права. Сакам подобра реалност !!! “. Женственоста може да биде неверојатно продорна и да да го смени текот на настаните!
Мислењата за одбележување на овој ден се поделени.
И додека некои сметаат дека е навистина убаво жените да имаат свој посебен ден во годината, според други тоа е наметнато и присилено внимание.
Доколку припаѓате на вторава група, а вашето момче се потрудило да ве изненади токму на тој ден – немојте да му противречите. Сепак тоа само уште еден повод да си покажете еден на друг колку си значите и се почитувате.
Колку и да звучи клише, најголемиот подарок кој партнерот може да го даде е неговото време, лојалност и искреност.
Љубовта се покажува низ најмали форми : да се биде тука за некого, да се слуша, да се разговара.
Љубовта подразбира вклучување на партнерот во нештата кои ви се важни, да се изненади со она што веќе подолго време го посакува и за што зборува.
Кога на секојдневните ритуали им се додава нова вредност, нова искра.
Кога без причина ќе ја изненадите партнерката, ќе ѝ се јавите без причина, само да ѝ го чуете гласот.
Сѐ ова се само мали гестови кои покажуваат љубов и посветеност.
Бидете оригинални и на овој ден и не заборавајте дека врската треба да се негува постојано.