Сите знаеме дека не се препорачува триење на очите. Може да предизвика инфекции, брчки, но и многу други несакани ефекти.
Од друга страна, понекогаш е тешко за нас да се воздржиме од триење на очите, особено кога тие премногу чешаат. Прашањето е, зошто се случува ова?
Сезонската алергија се издвојува како една од најчестите причини за чешање на очите. Годишно помеѓу 10% и 30% од луѓето се соочуваат со овој проблем. Кога вашите очи се премногу суви и ве чешаат, а носот ви тече и често кивате, скоро е сигурно дека имате алергиска реакција на полен.
Лекарите генерално препорачуваат да земате антихистаминици, антиалергиски и да не излегувате многу надвор.
Друга честа причина за иритација на очите е прекумерното гледање во екранот. Фокусирањето на очите на една работа подолг временски период може да предизвика нивно напрегање, па затоа е препорачливо повремено да се оддалечувате од екранот, особено ако работите цел ден на компјутер, но исто така и да не читате без соодветно осветлување.
Треба да се напомене дека една од причините за иритација на очите е заморот, а може да биде и несоница.
Чешање на очите е исто така често кај луѓето кои носат леќи, особено кога не ги тргаат подолг временски период. Офталмолозите ќе ви кажат дека треба редовно да ги миете леќите во согласност со соодветните спецификации, да ги менувате кога ќе им истече рокот и дека не треба да спиете со нив.
За да се намали чешањето на очите, се препорачува редовно да се миете и да користите вештачки солзи. Избегнувајте допирање на очите, особено со валкани раце, бидејќи тоа само може да ја влоши ситуацијата.