Free zone

ШТО ГЛЕДАТЕ ПРВО НА СЛИКАТА – МАЈМУН ИЛИ ТИГАР: Тест кој открива која хемисфера на мозокот е доминантна и кои се скриените одлики на вашата личност

Тест – Кое животно прво забележавте на сликата: мајмун или тигар?

Тест за оптичка илузија што открива која хемисфера на вашиот мозок е подоминантна – лево или десно? Покрај тоа, овој тест може да открие кои се важните црти на личноста.

Левата хемисфера е повеќе поврзана со аналитичко и методолошко размислување, додека десната хемисфера е одговорна за поседување на креативно размислување и уметнички вештини.

Така, се верува дека на лице кое чита добро, пишува, размислува, работи со факти, разум и има развиено математички вештини, доминира левата хемисфера. Спротивно на тоа, лице со силна интуиција и склоност кон уметност, со богата фантазија, кое постојано престојува во соништата, има доминантна десна хемисфера.

Тоа не значи дека користите само едната страна од мозокот. Иако хемисферите функционираат на различни начини, тие се поврзани и работат заедно за да се надополнуваат едни со други.

Погледни во сликата. Кое животно прво го видовте?

Мајмун

Ако најпрво забележите мајмун, тоа значи дека десната хемисфера на вашиот мозок работи поактивно.

Карактеристики на личноста: Вие сте импулсивни, креативни, емотивни, снаодливи и сакате да сонувате големи соништа!

Глава на тигар

Ако прво забележите тигар на сликата, тоа значи дека левата хемисфера на вашиот мозок работи поактивно.

Карактеристики на личноста: Вие сте логични, рационални, разумни, добро организирани, реални и знаете како да ги постигнете своите цели преку практични активности.

Напиши коментар