Free zone

Што кога ќе претерате со пилингот? – Не кревајте паника, постојат три едноставни начини како да го решите овој проблем

Сите сакаме убава и негувана кожа, но се случува, кога сакаме да постигнеме најдобри можни резултати, да претераме малку.

Особено кога станува збор за пилингот.

Да, тоа е добар начин да се ослободите од нечистотијата и мртвата кожа, но мора да бидете многу претпазливи со пилингот, без оглед дали се работи за механички или хемиски пилинг.

Еден од првите симптоми дека сте претерале со нивната примена е пецкање на кожата, црвенило, чешање, па дури и болка.

Ако се случи вакво нешто, најважно е да не паничите.

Козметичарите и дерматолозите посочуваат дека постојат повеќе начини за враќање на оштетената бариера на кожата.

  1. Престанете со пилингот на некое време
    И не само тоа. Треба да заборавите некое време и на маските, па дури и на депилацијата и бричењето – односно, на сè што дополнително ја иритира и суши вашата кожа.
  2. Избегнувајте изложеност на топлина и сонце
    „Изложеноста на свежата кожа којашто не ја формирала целосно заштитната бариера може да предизвика промена на бојата или лесни изгореници“, вели познатата естетичарка и медицинска сестра и дерматолог, Натали Агилар.

Затоа е поважно од кога и да е да се подмачкува кожата со заштитен фактор, без оглед дали е зима и е облачно.

Исто така, не се препорачува туширање со премногу топла вода или премногу висока температура во куќата, како и сушење со фен за коса.

  1. Држете се до вашата рутина за дневна нега
    Грижата треба да биде што е можно поедноставна и да ја обновите природната состојба на кожата на најздрав можен начин.

Бидејќи вашата кожа во моментов е многу чувствителна, најдобро би било да користите нежни производи без дополнителни мириси или силни хемикалии. Нека вашата рутина биде колку што е можно похранлива, фокусирајќи се на состојки за подмачкување како церамиди, хијалуронска киселина и колоиди.

Напиши коментар