Често се вели дека нашата судбина е напишана на дланката, но исто така и големината и обликот на рацете го откриваат карактерот и имаат одредена симболика.
Експертите истакнуваат дека луѓето кои имаат мали дланки се повеќе склони на ризици во животот. Тие се дарежливи, но и авантуристи. На приватно ниво, тие често поминуваат низ многу драматични врски, но овие луѓе се многу прагматични, размислуваат логично и никогаш не ги туркаат проблемите под тепих, туку веднаш се соочуваат со нив.
Од друга страна, луѓето со големи дланки генерално се сметаат за перфекционисти. Тие посветуваат многу енергија на деталите, што понекогаш може да биде на нивна штета затоа што доцнат во исполнувањето на обврските, особено на работа.
Тие се сметаат за многу ефикасни и одговорни работници на кои може да се потпрат колегите и претпоставените, но се почувствителни од другите, импулсивни и честопати претерано реагираат во одредени ситуации. Тие ги ценат другите луѓе и често се занемаруваат себеси.