Free zone

Што се гледаше најмногу оваа година? Топ 3 серии кои беа прогласени за најпопуларни во 2021 година


Дали досега ги гледавте?

Дури и ако гледате серии, за некои вреди да се направи исклучок и да им се даде шанса, особено кога станува збор за овие 3, бидејќи според гледачи од целиот свет, тие се прогласени за најпопуларни серии на Нетфликс во 2021 година.

Во морето од серии и филмови што излегуваат преку целата година, некои наслови едноставно се губат во толпата и се забораваат во рок од еден месец. Но, тоа не е случај со овие серии. Тие беа најпопуларни во текот на 2021 година. Барем така покажуваат бројките на најголемата услуга за стриминг на Нетфликс. Споредена е статистиката на рејтингот од дури 70 земји, со што се доби листа на најгледани серии оваа година. Главниот критериум што треба да се погледне е која од нив била број 1 според пребарување во повеќето држави.

И така настанаа овие три.

  1. Peaky Blinders
  2. Stranger Things
  3. Riverdale

Peaky Blinders е убедливо најпопуларната серија оваа година и била најбарана во 24 земји, Stragner Thigns е број 1 во потрага во 15 држави и Riverdale во 8. Сите други серии не се ни близу до бројките што ги држи тројката.

Напиши коментар