After Midnight

Што се крие зад поимот „скршено срце“ и како може да се надмине?

Дали сте раскинале долгодишна врска, сте се развеле или сте го прекинале пријателството за кое сте биле убедени дека е нераскинливо? Можеби близок член на семејство починал или се соочувате со загуба на домашното милениче, што го направи вашиот живот подобар со текот на годините?

Сите ние денес живееме во современ свет, некои би рекле површен, чие темпо бара присуство и голем напор за да се опстане воопшто. Во ова „лудило“, многумина ја забораваат емоционалната страна на нивното постоење или ги занемаруваат и ги потиснуваат чувствата, за да не ги попречуваат во остварувањето на личните цели.

Дали е тоа само ирационален феномен?
Научниците тврдат дека нашиот мозок ја регистрира емоционалната болка на ист начин како и физичката, што ја објаснува честата манифестација на таа болка врз нашето тело. На сите им се познати речениците како „чувствувам дека срцето ќе ми се скрши“ или „тој ме прободе право во срцето“ и со нив луѓето живописно го опишуваат своето физичко чувство во однос на нивната емоционална состојба.

Сигурно е, сепак, дека „скршеното срце“ предизвикува огромна доза на стрес, особено ако загубата била ненадејна, а дека времето потребно за поправка може да варира од неколку недели, месеци до неколку години.

Дали љубовта е навистина чиста хемија?
Кога мислиме на овие, во суштина меѓуклеточни гласници, нашата прва асоцијација се адолесцентите и познатиот пубертет. Се разбира, постојат различни хормони и нивните функции, вклучително и оние што влијаат на заљубувањето.

Се вели дека љубовта создава зависност исто како и дрогата, а нашиот мозок „се занимава“ со хормони како што се допамин (хормон на среќа) или окситоцин (хормон на љубов) кои прават да се чувствуваме среќни и задоволни, сакајќи да го повториме однесувањето што довело до таквите емоции.

Од друга страна, кога емоционалната врска е прекината, кога нашето срце „се крши“, овие „среќни“ хормони го намалуваат нивното производство, а наместо тоа се лачи кортизол (хормон на стрес). Неговата примарна функција е да ја подигне борбената подготвеност на нашиот организам, но во прекумерни количини и долгорочно присуство може да нè доведе до контраефект, односно до појава на сите негативни манифестации на нашата психофизичка состојба.

Најдобар начин да си помогнете при состојба на „скршено срце“
Како прво, сите совети одат во насока, да ни овозможат да го почувствуваме и искусиме тоа тешко чувство на болка и страдање. Иако скоро рефлексната реакција ќе биде екстремна, било да е тоа „ослободување од ланецот“ или повлекување и интроспекција, корисно е да се има предвид дека сето ова е всушност океј и човечки.

Опкружете се со позитивни и насмеани луѓе, кои ќе ве поддржат во тешкиот личен период. Воведете повеќе здрави навики, ослободете се од стресот и сите тежини што ве притискаат преку разговор, а потоа чувството на прифаќање на реалноста полека ќе ги зафати вашата душа и ум.

Модерното време си донесе во својот багаж и модерни стресови и проблеми за кои е потребен модерен пристап за решавање. Комуникацијата е секогаш клучот, а доколку немате доверба или некој близок со кого можете да го „отклучите“ разговорот, не чувствувајте се помалку вредно или слабо. Искреноста е сила од која може да се исцрпи огромната енергија што може да го надмине дури и „скршеното срце“.

Напиши коментар