Некои тврдат дека ова се случува поради потиснато сеќавање, додека други велат дека се случува поради реинкарнација. Дали често ви се случува да доживеете „дежа ву“ ?
Во превод од француски јазик, „дежа ву“ значи „веќе видено“ и опишува феномен во кој една личност одеднаш добива чувство дека знае што ќе се случи понатаму, или како да веќе ја искусил моменталната состојба или веќе го видел сегашното место.
Научниците имаат неколку теории за тоа од каде потекнува чувството на „веќе видено“.
Когнитивните психолози веруваат дека ова се одамна заборавени делови од меморијата, кои во основа се пријатни, а следбениците на Фројд тврдат дека тоа се потиснати спомени од детството во кои егото на поединецот го потсетува на неговото минато и скриените стравови.
Парапсихолозите имаат нешто почудно гледиште, односно сметаат дека „дежа ву“ е резултат на сеќавање од минатите животи, пред реинкарнацијата во овој живот. Сепак, најчесто прифатена теза е дека тоа е аномалија на меморијата во која гледаме нешто слично и што не враќа на нешто заборавено.