After Midnight

Сигурен пат кој води до кавга: Овие четири реченици потрудете се да не ги изговорите никогаш

Ти си мамин син

Без разлика колку мажите се приврзани за нивната мајка, колку го почитуваат нејзиниот совет, ги прифаќаат нејзините совети и отворено покажуваат дека љубовта кон мајката е света, никој од нив нема да се чувствува добро ако партнерката во сред расправија му каже дека е „мамин син“.
Ако навистина мислите дека тој е „мамин син“, што барате со него?

Биди маж

Ова е една од најопасните реченици што можете да му ја кажете на вашиот парнер. Тој ќе се налути ако му кажете во моментот кога треба да донесе одлука, а делува збунети и се двоуми. Ќе биде поразен ако сте го користеле во контекст на споредба со некој што е наводно синоним за одлучност. Токму оваа реченица ќе го направи помалку маж отколку што навистина е, затоа повлечете ја на време.

Моето поранешно момче зборуваше вака…

Што и да направил или рекол вашиот поранешен партнер, било лошо или добро, не треба да биде предмет на вашите разговори, бидејќи никој маж нема да го прифати тоа како нешто нормално.

Дури и ако не е љубоморен, тој нема да сака некој од вашето минато да се појави на „масата“, дури и во негативен контекст. Извлечете го бившиот од емотивната сегашност.

Погледни колку е убава оваа девојка

Токму оваа, навидум безопасна реченица е причина за распадот на многу врски, бидејќи ниту еден одговор што ќе и го даде вашиот партнер нема да ве задоволи. Ако рече дека не е нешто, а таа личи на вас, ќе се чувствувате изневерено. Ќе ве погоди дури и ако тој се согласи со вас, бидејќи тоа може да предизвика љубомора, да го доведе во прашање неговиот вкус и завршниот удар во стилот – „Таа е твој тип, а не јас“.

Напиши коментар