Celebrity

Сите се сеќаваме на Пипи Долгиот Чорап – Вака изгледа денес актерката која ја доби најпознатата улога на сите времиња!

Пипи Долгиот Чорап за многумина сè уште е омилениот измислен лик. Генерации и генерации пораснаа со неа, а сите со задоволство се сеќаваме на нејзините авантури.

Направени се огромен број серии, книги, цртани филмови и филмови за оваа хероина и сите сакавме да бидеме барем малку бестрашни како неа. Сепак, домашната публика најдобро ја памети шведската серија, којашто ги маѓепса гледачите, а се прикажуваше пред повеќе од 50 години.

Најпозната актерка која ја играше Пипи е Ингер Нилсон. Ингер е актерка и пејачка, а пред 50 години ги маѓепса и ги воодушеви гледачите на малите екрани. Таа одамна го напушти светот на актерството и сега има 61 година. Сепак, Ингер со задоволство се сеќава на улогата што ја направи славна.

Ингер сега работи повообичаена работа, имено работи како секретарка во Стокхолм. По Пипи, таа прифати само неколку помали улоги. Својата последна серија ја сними во Германија во 2007 година под името „Der Kommissar und das Meer“. Таа се појави и во филмовите „Gripsholm“, „Тhe here after“ и „Black Circle“.

Кога би ја сретнале, сигурно не би ја препознале, но таа сепак не ја изгубила својата препознатлива насмевка и неверојатната харизма по која ја паметиме.

Напиши коментар