Free zone

Со банана против акни, митисери и подочници – Еве како ова тропско овошје може да ви помогне да заблескате!

Против митисери и мозолчиња

Ако не можете да се ослободите од црните точки, обидете се да го масирате лицето и / или телото со внатрешноста на кората од банана, по пет минути секој ден. Ако редовно се придржувате до ова, резултатите ќе ги добиете по еден месец.

За потечени очи и темни кругови

Ако неуспешно барате ефикасен лек против темни кругови, подочници и отечени очи, пробајте го ова. Со лажица изгребете го внатрешниот дел од кората и измешајте ги насобраните влакна со гел од алое вера. Нанесете ја добиената паста на пределот околу очите и опуштете се 15 минути. Потоа исплакнете го лицето со ладна вода и гледајте како исчезнуваат темните кругови и отокот.

Маска против стареење

Можете исто така да направите маска против брчки од кора од банана. Измешајте жолчки од едно јајце со влакната од внатрешната страна на кората што сте ги собрале со лажица. Нанесете ја добиената маска на чисто лице и оставете ја да стои 10 минути. Или можете едноставно да ја истриете внатрешноста на кората од банана врз лицето пред да одите во кревет, а потоа наутро измијте се со млака вода.

Напиши коментар