Celebrity

СОБРА МИЛИОН ЛАЈКОВИ ЗА ШЕСТ МИНУТИ: Необичната фризура беше нејзин заштитен знак, сега се одлучи за ОГРОМНА ПРОМЕНА

Вистинската трансформација ги сруши сите рекорди на Инстаграм!

Познатата музичка суперarвезда Били Ајлиш пред неколку дена ја освои Греми наградата за најдобра песна на годината, а потоа реши целосно да го смени имиџот! Имено, Били стана платинеста русокоса.

„Штипнете ме“, напиша таа во описот на фотографијата, на која се гледа дека е русокоса, а за само шест минути собра неверојатни милиони лајкови. Со ова ги сруши сите рекорди на Инстаграм!

После три часа, таа веќе собра над 10 милиони лајкови, а сега има над 19 милиони.

Били беше препознатлива по нејзините откачени и необични бои за коса, особено по нејзините зелени прамени, затоа оваа трансформација беше целосно шокантна за сите!

Сепак, таа призна дека платинестата боја на руса коса всушност ја криела под перика цели два месеци!

Напиши коментар