Free zone

Совет од нутриционист: „Не мора да започнувате диета, само јадете нормално“

Колин Кристенсен, нутриционистка од САД, советува како да се одржи здравјето и да се изгубат вишокот килограми без да држите диета.


Многу луѓе се чувствуваат лошо откако ќе уживаат во храната, па затоа често се одлучуваат на диета со цел да го изгубат вишокот наталожена храна. Кристенсен тврди дека всушност такво нешто не треба да се прави, туку само да се јаде нормално.

“Ако се прашувате како да ги вратите навиките во исхраната на вистинскиот пат, еве го мојот одговор: Јадете нормално. Не треба да имате детоксикација со сокови или чистење на телото. Ако сакате да се храните здраво, не заборавајте да го измиете зеленчукот пред јадење. Покрај тоа, јадете нормално и ќе бидете добро! Нормалната исхрана вклучува и по некое прејадување или уживање во храната”, објаснува таа.

Нутриционистката верува дека тоа е многу поефикасно отколку започнувањето на ограничувачки диети на кои не можете да се придржувате.

Напиши коментар