Кога ги спојувате дланките, прво погледнете дали зглобовите каде што малиот прст се спојува со тупаница се во иста рамнина. Кога ќе ги поставите така, тогаш видете дали првата голема линија под нив се совпаѓа од левата и десната рака.
Во повеќето случаи, линиите се совпаѓаат, но кај одреден број луѓе има видливо отстапување. Откријте што значи кога линиите се совпаѓаат, што значи кога левата е над десната и обратно.
Кога линиите се совпаѓаат
Ова значи дека сте мирна, нежна и чувствителна личност. Вие сте стабилна личност и не сакате да бидете опкружени со оние кои создаваат хаос и вознемируваат други.
Кога станува збор за избор на партнер, најверојатно ќе завршите во брак со некој кој е прифатен и од вашето семејство и од пријателите, бидејќи тоа ви е многу важно и нема да дозволите љубовта да ве измести од рамнотежа.
Кога левата е над десната
Тоа значи дека сте силна личност, која сѐ им кажува „право во лице“ на другите. Немате проблем да се грижите за себе и не дозволувате другите да ве искористат, но понекогаш претерувате и знаете да бидете премногу строги.
Вие сте магнет за привлечни луѓе и емоционално се стремите кон длабока врска. Големи се шансите да завршите со некој многу помлад од себе или со личност од далечна земја.
Кога десната е над левата
Ова значи дека вашата мудрост во голема мера ја надминува вашата возраст, што може да биде проблематично во детството и младоста, бидејќи е тешко да се вклопите во група на врсници. Затоа отсекогаш ве привлекувало друштво на постари луѓе.
Постои околу 70 проценти шанса да завршите во брак со некој кој е постар од вас.