After Midnight

Сродна душа – Личноста која разговара со нашата душа на еден поинаков начин…

„Луѓето мислат дека сродната душа е некој кој совршено ни одговара и некој што вечно се сака. Но, вистинската сродна душа е огледало, личностa која ви покажува што ве спречува, личноста која ви дозволува да се забележите, за да можете да се промените“- Елизабет Гилберт.

Колку и да се трудите, не постои начин да раскинете со сродната душа. Сето тоа се случува додека да трепнете, еден сосема обичен ден, ден за кој не бевме ни целосно свесни дека всушност доаѓа и го менува целиот тек на нашите животи.

Во еден момент живеевме обичен живот, а веќе во следниот, тој се сврте наопаку од наплив на енергија, промена на вибрациите, поради средбата со сродна душа.

Можеби налетавме на таа личност во близина на кафе-барот еден дождлив ден или можеби ни се расипа автомобилот и токму таа личност дојде да ни помогне. Или можеби само одеднаш ги отворивме очите и видовме некој, што го познаваме долго време, во сосема ново светло.

Не е важно како тоа навистина се случило, сепак, важно е таа личност да влезе во нашите животи. Таа се појави одеднаш и сè беше исто, а истовремено и променето.

Таа личност нè привлече како молец во пламен, не беше важно зошто, не беше важно дали има пречка, сè што знаевме е дека треба да бидеме близу до таа личност – таа душа која некако разговара со нашата душа на поинаков начин од било кој друг.

Паднавме или се судривме, како илјада како илјада ѕвезди кои паѓаат, ја почувствувавме таа врска, целоста што произлегува од обединувањето со душата со која споделивме многу животи.

Ние ја почувствувавме поврзаноста на нашите усогласени мисли, длабочината на нашите емоции, висината на нашата духовност. Никогаш не беше во прашање дали сакаме да бидеме заедно. Сепак, како што често учиме со возраста, љубовта никогаш не е толку едноставна и не секогаш завршуваме со нашата сродна душа.

Така се боревме против таа врска, се изборивме и ја закопавме. Се разделивме или можеби нашата сродна душа нè напушти, оставајќи нè под полноќната месечина кога снегулките паѓаа врз нас.

Но, не е важно кој замина, бидејќи обајцата чувствувавме расекотија на душата – души кои во еден момент беа совршено усогласени. И тогаш станавме преокупирани со нашите животи.

Најдовме среќа во секојдневните моменти кои внесуваа љубов во нашите срца, но без оглед колку бевме зафатени или расеани, требаше само еден момент да го смириме умот и да сфатиме дека сè уште можеме да ја почувствуваме сродната душа.

Таа сè уште се задржа на замаглените рабови на нашата свест, со таа примамлива врска, која, колку и да беше тешка, никогаш не изгледаше погрешно. Тоа беше пламен од оган што никогаш не очекувавме дека ќе продолжи да гори.

Нашите души оставија трага една на друга и никогаш немаше опција да се вратиме назад, да се преправаме како ништо од тоа да не постои.

Создадовме љубов и побегнавме; ги споделивме нашите тајни и потоа се преправавме дека нема ништо посебно во начинот на кој разговаравме. Се смеевме, а потоа решивме да заборавиме на сè.

Па дури и по толку време, сите рани кои сè уште треба да зараснат, не го направија своето – не ја откривме целта заради која нашата сродна душа влезе во нашите животи.

Значи, иако ги наведовме сите причини зошто не треба да сакаме, сепак сакаме. Повторно и повторно. И покрај илузијата на времето и падот на нашата сопствена човечност, сè уште нè привлекува сродната душа, онаа што се појави во нашите животи и промени сè.

Напиши коментар