Celebrity

Стилистката на познатата манекенка открива: „Ова е тајната на преубавата руса нијанса на Кејт Мос!“

Многу дами имаат една желба кога одат на фризер, а тоа е коса слична на оваа позната манекенка. Ако сте љубител на оваа нијанса и се препознавате во претходната реченица, имаме добри вести за вас. Имено, нејзината стилистка, Никола Кларк ја откри тајната на платинестата руса нијанса, на која Кејт и е верна со години.

„Прво ја фарбав косата на Кејт Мос како дел од тимот на Сем Мекнајт, за првото шоу на Метју Вилијамсон, во кое таа учествуваше заедно со Хелена Кристенсен, Жад Џегер и Наоми“, открива Кларк. Потоа додаде дека Кејт тогаш имала видлив рус прамен од косата од кој сакала да се ослободи. Затоа одбрала нова нијанса, која е актуелна и денес, меѓутоа, различна е техниката на фарбање.

„За време на врската на Кејт со Пит Доерти, користев тонер и балајаж за да го задоволам стилот од 60-тите. Денес користам боја наместо белило за коренот, за природна карамел нијанса, користејќи ја техниката балајаж на краевите, за да ја направам косата природна и разиграна“. Кларк призна и дека Кејт се фарба на секои 6 до 8 недели, што не е случајно. Така, русата нијанса добива свилен тон, кој совршено одговара на нејзиниот тен.

А, кој не би посакал sun kissed ефект во косата?!

Напиши коментар