Free zone

СУПЕР СОВЕТИ: Еве како да го задржите карминот постојан и под маската за лице



Најважно е да направите пилинг на усните и да изберете кармин со долготрајна формула.

Бидејќи носењето заштитни маски е задолжително во јавниот превоз и во затворените простории, дојде до промена во рутината за убавина, па затоа се повеќе се става акцент на шминката на очите, силните сенки и хајлајлерите за очи.

Меѓутоа, ако сепак не сакате да се откажете од омилениот кармин затоа што ја носите маската, на пример, само на пазар или додека возите со јавен превоз, добро е да усвоите неколку совети за тоа како да направите кармин што е долготраен и траат што подолго под заштитна маска за лицето.

Пред да нанесете кармини, важно е да ги подготвите, односно да направите добар пилинг за усни за да бидат мазни и хидрирани. Ако усните се суви и испукани, карминот на нив нема да изгледа убаво ниту да трае долго, затоа пилингот е првиот и неизбежен чекор.

После пилинг, време е да пронајдете кармин кој има долготрајна формула, а пред да нанесете кармин, можете да ставите прајмер на усните, а потоа и моливче над усните за да бидете сигурни дека карминот на усните ќе трае како што е можно подолго.

Кога станува збор за типот на кармин, најдобро е да изберете мат текстури, како и високо пигментирани кармини, но треба да се внимава кармините да бидат доволно хранливи за усните да не се исушат.

Кога ќе го пронајдете карминот, време е да го нанесете, со помош на четка затоа што е најпрецизно. Секогаш е добро да носите четка во торбата за да можете да го поправите карминот на усните после јадење и пиење.

Откако ќе нанесете кармин, ставете спреј за сетирање на усните, со што ќе бидете сигурни дека шминката на лицето ќе остане свежа и „на свое место“ што е можно подолго, дури и под заштитна маска.

Напиши коментар