Free zone

Тајната на доброто селфи: Едноставен трик кој ќе ви помогне да имате совршена насмевка на секоја фотографија

Без разлика дали позирате некому или правите селфи, сакате да изгледате што е можно поприродно на тие фотографии.

И за да се постигне тоа, клучната работа е насмевката.

Сепак, како што веројатно можете и сами да забележите, кога насилно ќе се обидеме да изгледаме природно, тоа обично се претвора во тотална спротивност и фото-катастрофа.

Но, нема причина за очај бидејќи постои многу едноставен трик, којшто го решава овој проблем.

Најважен е јазикот.

Сè што треба да направите е да го залепите јазикот на непцето, зад забите. На овој начин ќе добиете опуштен и помалку принуден изглед.

Овој трик има уште еден позитивен ефект, бидејќи ја затегнува кожата под брадата, што создава младешки изглед.

Напиши коментар