After Midnight

Тајни за врската или бракот кои не треба да ги откриваме ниту на нашиот најдобар пријател

Многумина од нас имаат потреба да им ги кажат сите свои проблеми на своите пријатели. Без оглед каква е природата на проблемот, ние се чувствуваме подобро кога им се доверуваме на оние кои најдобро нè разбираат, а најчесто зборуваме за љубовни проблеми.

Сепак, многу експерти сметаат дека некои детали од врската треба да останат меѓу партнерите и не треба да ги споделуваме со други.

Караници со семејството на партнерот/ката
Сите, понекогаш имаме поплака за однесувањето, на пример свекрвите, но тоа треба да го чуваме за себе. Во природата на луѓето е да заземат одбранбен став кога станува збор за нивното семејство и никогаш не можете да знаете дали коментарот што некому сте му го кажале во доверба ќе допре до партнерот или семејството и ќе предизвика незадоволство.

Приватни информации
,,Те молам, ова нека остане меѓу нас”- е реченица што не обврзува да чуваме нечија тајна. Без оглед за што станува збор, ако нашиот партнер побара дискреција, тогаш ние сме должни да ја почитуваме неговата желба.

Напиши коментар