Free zone

Техника „4-7-8“ пред спиење како најдобар лек против стрес и напнатост

Во моменти на страв и напади на паника, обично забораваме да дишеме, што само ја отежнува ситуацијата за нас. Дали сте чуле за техниката „4-7-8“?

Затоа, д-р Ендру Вале од Центарот за интегративна медицина во Аризона, препорачува секојдневно да правиме вежби за дишење за да се опуштиме. Неговиот совет се вика „4-7-8 вежби“.

  • Седнете на креветот, во таканаречената турска положба, исправете го грбот, притиснете го врвот на јазикот кон непцето, затворете ја устата и вдишете преку носот и бројте до четири – објаснува Вале. Задржете го здивот седум секунди, а потоа издишете низ устата, броејќи до осум.

Повторете го ова четири пати. Овие вежби се препорачува да ги правите секоја вечер пред спиење, бидејќи тоа е најдобриот начин да се опуштите.

Многу е важно да се концентрирате само на дишењето и да ги насочите мислите кон нешто што ве исполнува со чувство на смиреност и мир – како и да не се откажувате!

Напиши коментар