Нема сомнеж дека 2020 година беше скоро најуспешна година во кариерата на Тејлор Свифт.
Поп-sвездата издаде 2 албуми, кои соборија бројни рекорди, поради што ја доби наградата за уметник на деценијата.
Од 2020 година, таа одлучи да се збогува на смешен начин – облечена како мечка.
„Збогум 2020 година! Ова беше чудна година “, напиша таа под фотографијата што ја објави на социјалните мрежи.
Во јануари 2020 година, кантавторката го претстави долгоочекуваниот документарец „Miss Аmericana“, а потоа ги откажа „Lover Fest“ концертите поради пандемијата предизвикана од Коронавирусот.
И додека сè изгледаше безнадежно и изгубено, таа го смени својот музички правец и издаде два студиски албуми, од кои едниот стана најпродаваниот албум на годината.