Една млада жена во 1960-тите се бори за своето место во „машкиот“ свет и успева во тоа. Станува збор за хит серија снимена во 7 епизоди.
Queen’s Gambit е серија што излезе на Нетфликс во 2020 година и која за кратко време стана хит. Во 7 епизоди, таа го опишува животот на Елизабет Хармон, девојка која ја губи мајка си на 9 години и завршува во сиропиталиште.
Дејството се случува во 60-тите години на минатиот век. Бет од срамежливо дете во сиропиталиште дојде до исклучителен успех. Успесите, сепак, не дојдоа лесно – таа беше жена во машки спортови, имаше проблеми со депресија и алкохол итн. Токму фактот дека таа беше жена го означи нејзиниот пат кон врвот. Никогаш не обрнувајќи внимание на коментарите за полот, и неможејќи да разбере зошто е толку нагласен.
Таа стана симбол на страст и восхит заради својата интелигенција и талент, не заради начинот на облекување или заради нејзиниот изглед. Ова е токму причината зошто секоја млада жена треба да го погледне овој серијал. Интелигенцијата победи и овој пат!