Celebrity

The Weeknd шокираше со својот изглед: Пејачот повторно ги запрепасти фановите!

Светски познатиот пејач, The Weeknd, ги шокираше обожавателите со објавувањето на новиот спот со значително трансформиран изглед, во кој изгледа како карикатура.

На видеото тој ја носи истата црвена јакна што ја носеше за време на двете церемонии на доделувањето на MTV Video Music Awards и American Music Award.

Во август минатата година,тој ги загрижи обожавателите кога се качи на сцената за време на церемонијата на доделувањето на наградите MTV Video Music, а се чинеше дека лицето му е целосно крваво.

Неколку месеци подоцна, во ноември, се појави на сцената за време на церемонијата на доделувањето на American Music Award , носејќи завои на лицето.

Сепак, со објавувањето на новото видео, тој ги шокираше обожавателите со својот значително трансформиран изглед.

Откако ги отстрани завоите, пејачот користеше фацијална протетика за да симулира изглед на екстремна пластична хирургија, вклучувајќи филери околу јагодичките и усните.

Коментарите на фановите не беа многу позитивни, бидејќи многумина на социјалните мрежи истакнаа дека не им се допаѓа изгледот на популарниот пејач.

The Weeknd неодамна ги прозва Grammy наградите, откако остана без номинации, иако имаше неколку хитови во последно време.

„Grammy наградите се корумпирани. Вие ми должите транспарентност мене, на моите обожаватели и на индустријата“, напиша тогаш пејачот на Твитер.

Напиши коментар