Celebrity

Тие ја имаат најромантичната приказна : ТАА беше келнерка, ТОЈ ѕвезда од Холивуд

Секој пат кога ќе се појави на некој настан со сопругата Мет Дејмон, го привлекува вниманието на сите присутни

Бидејќи ретко се појавува во јавноста, Мет Дејмон (50) не го гледаме често со неговата сопруга и секој пат тие стануваат главни вести на денот за светот на славните.

Убавата Аргентинка Лусијана Бозан Баросо и славниот актер се запознаа во 2003 година, во време кога тој веројатно беше една од најпопуларните луѓе на планетата. Тие можат да се пофалат со една од најромантичните приказни за тоа како се запознале – за време на снимањето. По наговарање на еден колега, актерот застанал во еден бар на пијалок и се заљубил до уши откако ја забележал згодната келнерка како му приоѓа.

„Буквално ја забележав само неа во полна просторија“, рече Дејмон еднаш.

Тие се венчаа две години подоцна, во декември 2005 година и оттогаш се во среќен брак. Лусијана веќе долго време не работи во кафуле и е многу посветена на големото семејство. Парот има три ќерки заедно, а Мет смета дека ќерката на Лусијана од првиот брак е негово дете.

Таа претпочита да ги поминува деновите во друштво на своите ќерки и всушност води живот на домаќинка, но кога ќе се појави ви јавност, лесно ги засенува и најголемите холивудски sвезди со својот изглед.Големо внимание привлече во 2017 година, кога се појави на отворањето на 74-от Меѓународен филмски фестивал во Венеција во елегантен црвен фустан фрлајќи сенка и дури и на некои од најголемите филмски sвезди на денешницата

Напиши коментар