Постојат луѓе кои едноставно можат да „добијад кого сакаат”.
Всушност, тие дејствуваат толку самоуверено и беспрекорно ја совладале уметноста на заведување.
Овие три хороскопски знаци имаат значителна помош во заведувањето и од sвездите!
ЛАВ
Тие се многу страствени и земаат што сакаат. Кога некој им се допаѓа, не им треба многу време да преземат иницијатива. Кога ќе започнат разговор, тие точно знаат што треба да направат. Тие се вистински „мајстори“ на заведување и штом некој ќе им го привлече погледот, тие сакаат да го имаат. Нивната самодоверба им помага во тоа.
ВАГА
Ако некој е мајстор за флерт, тогаш тоа е Вага! Тие се постојано опкружени со разни луѓе и тие точно знаат што кому да му кажат или да прават. Невозможно е да ги сретнеме сами – обожавателите ги следат насекаде. Тие се неверојатно заводливи, а впечатокот за недопирливост им дава дополнителен шарм. Колку повеќе внимание привлекуваат, толку се посвесни дека победата е на прво место.
СКОРПИЈА
Тие секогаш бараат нешто ново, возбудливо. Сакаат авантури и не можат да ја издржат рутината во секојдневниот живот. Затоа изгледаат толку заводливи. Имено, никој не знае што следно ќе помислат. И тие самите не знаат! Денес може да биде флерт со убав келнер, а веќе утре ќе му го дадат својот телефонски број на момче кое го сретнале на забава…