Free zone

Тој испраќа пораки, па ве игнорира?

Животот би бил полесен за сите нас ако лесно можеме да ги разбереме постапките на другите луѓе. За жал, тоа не е така, затоа понекогаш е потребно да се погоди, анализира, да се побара мислење од страна… Како примерот во насловот, кога на многу девојки не им е јасно зошто тој се однесува така.

И тоа не им се случило на мал број девојки. Некое момче им испраќа СМС-пораки на секој час, но ништо не се случува потоаи – тој не се обидува да им пријде, да разговара со нив; иако тој пишува сè во пораките, воопшто не се обидува да иницира нешто надвор од пораките.
Како таа да не постои за него, освен во СМС пораките.
Зошто се однесува така?

Постојат неколку можни објаснувања, а ние ќе ги дадеме трите најверојатни.

Една е дека често му е досадно и потоа испраќа стотици пораки до разни девојки од неговиот телефонски именик. Тој со тие пораки не мисли ништо, туку само убива време и секако дека нема да бидат проследени со никакво конкретно дејство.

Друга можност е дека неговата цел не е да убие досада; со пораки се обидува да ја „провали“ која девојка лесно, без напор од негова страна, би се согласила да се бакнува и да се гали со него,но и евентуално повеќе од тоа. И тој испраќа такви пораки на еден куп девојки одново и одново, во надеж дека некои од нив ќе се согласат – така што тој нема да мора да се соочува со одбивање во живо.

Третата можност и сосема веројатна, е тој многу да ви се допаѓа, но и дека е многу срамежлив и дека не му е тешко да ви испрати илјада пораки, но едноставно не знае како да ви пријде. Можеби тој ви кажал нешто глупаво во пораките, поради што сега е засрамен, така што дополнително го спречува да ви пријде.

Што да направиш ти во ваков случај? Обиди се да разговарш со него не преку пораки, туку лице в лице. Првичната тема може да биде нешто што тој ви го напишал во порака (ако навистина ви испратил многу голем број пораки, таму сигурно ќе има нешто што може да започне разговор). Бидете пријателски расположени, но не премногу агресивни или надмоќни. Можно е разговорот на почетокот да биде незгоден, но со текот на времето ќе видите од неговата реакција дали е заинтересиран да разговара со вас – и од таму некако ќе продолжите понатаму.

Напиши коментар