Кога станува збор за деталите поврзани со зимската мода, на ум ни паѓаат капи и шешири. Во текот на зимските денови, ние се стремиме да се заштитиме од зимата, да се загрееме и да ја заштитиме косата од влага, а сепак да изгледаме модерно. Оваа сезона, шапките и капчињата се чини дека се поактуелни од кога било, а ние за вас ги издвојуваме топ три моделите, со кои можете да ја освежите секоја зимска комбинација.
Шешир
За сите вас кои обожавате софистициран, елегантен и classy – изглед, најдобар избор се шеширите, кои совршено ќе ја следат вашата модна приказна. Чизми со потпетици, добро палто, шешир со ист тон и подготвени сте не само за студен зимски ден, туку и за титулата најмодерна дама на градските улици.
Bucket капа
Тоа е капа што буквално ја има секоја девојка која припаѓа на Z генерацијата.Трендот од деведесеттите години го врати Били Ејлиш, а најчесто се комбинираат со обични, лежерни парчиња, преголеми јакни и мартинки.
Beanie капа
Beanie никогаш нема да излезе од мода. Најпрактично е како зимско парче коешто загрева, а едноставно се вклопува во секоја зимска облека. Без разлика дали ќе го изберете во намален тон, да одговара со која било облека, или како pop of color парче, оваа капа е непогрешливо привлечен додаток за зимата.