Free zone

Топ 7 фризурите кои ќе бидат вистински хит оваа пролет

Минатата година, поради изолација и карантин, нашата коса се најде на дното на приоритетната листа. Фризерските салони не работеа, Zoom беше единственото место да се собереме со пријателите и колегите, а целото наше незадоволство се рефлектираше во растурена пунџа на врвот од главата.

Но, сега е вистинското време повторно да се занимаваме со нашиот изглед и фризура, па затоа ние ви нудиме неколку предлози за тоа кои ќе бидат најголемите трендови во 2021 година!

Главниот мотив ќе биде: забава, затоа – не сфаќајте ја косата толку сериозно, експериментирајте и дозволете да биде одраз на вашата креативност. На крајот на денот, најважно е вашата фризура да ви го подигне расположението и да се чувствувате добро. И многу е полесно да ризикуваме и да правиме грешки во време кога сме претежно дома, така што имаме дополнително време да ги поправиме работите.

Експертите сугерираат ексцентричност – без разлика дали ќе се одлучите за минивал, рамна коса со шишки или паж што ќе биде во тренд цела година (особено онаа што наликува на машка фризура).

Значи, вооружете се со оптимизам и започнете да планирате промени за следната сезона, што, се надеваме, ќе ни донесе многу повеќе излегувања и дружења, а со тоа и повеќе дотерување и средување.

Напиши коментар