Astro&Horoscope

Три хороскопски знаци кои дефинитивно не знаат да лажат

  1. ОВЕН – тие се премногу импулсивни за да можат да успеат да ви подметнат лага
    Не размислуваат премногу кога зборуваат нешто, особено кога лажат. Зборовите само излегуваат од нив. И заради тоа се лоши лажговци. За да бидете добри во лажење, треба добро да размислите што следно ќе кажете и како, а Овенот никогаш не го прави тоа. Тие немаат трпеливост и нерви да работат на создавање добра лага, пробуваат лоша, па ако помине, ќе помине, а ако не, не е важно.
  2. РАК – тие се закопуваат самите себе
    За добра лага, не е важно само што зборувате, туку и како се однесувате. Кога сакаат да кажат лага, Раковите ќе изрецитираат се, но тие ќе одбијат да зборуваат на таа тема понатаму и едноставно ќе зборуваат за нешто друго. Ова е многу сомнително однесување. Кога некој ќе почне да ги испитува сè повеќе и кога ќе се создаде притисок, Ракот нема да знае што да прави и ќе започне да ги преувеличува работите, а со тоа на сите ќе им стане јасно дека лажат.
  3. ДЕВИЦА – премногу ја анализираат лагата, толку многу што станува очигледно дека лажат
    Треба да се биде внимателен со лагите, треба да се каже доволно за никој да не се посомнева, но не премногу, бидејќи тоа може да биде и причина за сомнеж. Треба да се знае кога да се запре, Девицата не го знае тоа. Девиците не веруваат во лага и сметаат дека тоа е најглупавата работа што некој може да ја направи, бидејќи нема смисла. Затоа кога лажат, тие премногу се заигруваат и затоа што не им е грижа дали се откриени или не, лажат и лажат и лажат додека некој не ги фати.

Напиши коментар