Некои луѓе се многу опуштени по природа и не ги ставаат себеси или другите под притисок, додека други се исклучително критични и секогаш поставуваат премногу големи очекувања. Тие се вечно незадоволни од себе.
Припадниците на овие хороскопски знаци се многу строги, па затоа им е тешко да си простат. Тие секогаш се споредуваат со другите и го вадат најлошото од себе.
Рак
Раковите често губат многу време размислувајќи што не е во ред со нив. Тие се склони кон нарушувања во исхраната, бидејќи постојано се грижат за својата тежина. Нема да обрнат внимание на туѓите мислења, но честопати сами си пресудуваат.
Риба
Рибите би биле најсреќни кога сè би било во најдобар ред, а кога тоа нема да се случи, тие ќе ја префрлат вината врз себе и ќе се обвинат себеси дека се причина за сè што тргнало наопаку. Не им е страно ниту лелекањето и самосожалувањето, затоа што постојано се осудуваат себеси и другите. Ќе ја простат грешката на некој друг, а на самите себе никогаш.
Девица
Девиците го носат товарот на вина, без оглед што прават. Тие нема да се осудат себеси затоа што мислат дека се лоши луѓе, но поради сè што мислат дека погрешиле. Строги се и со другите. Ако заклучат дека сториле нешто лошо, ќе се препуштат на самосожалување и ќе си ги лечат раните во тишина.