After Midnight

Три важни лекции кои ги научивме од неуспешните врски

Го заслужувате само најдоброто!

Ако се согласите на помалку од очекуваното на почетокот на врската, тивко потпишувате договор за согласност, помирување и учество во врска што на крајот ќе стане токсична за вас. Само кога покрај вас имате партнер кој е подготвен да работи и да даде колку што давате и вие, ќе знаете дека сте во врска за која вреди да се борите.

Ако чувствата не се обострани, не значи дека не постојат!

Важна лекција којашто ја научивме од врските кои не ни успеале е дека е сосема возможно да сакате, а да не бидете сакани. Ако вашиот партнер не одговорил на вашите чувства, тоа не значи дека не сте сакале и дека немало љубов. Сепак, иако сфативте што е љубов, ова е најтешката лекција што требаше да ја совладаме од неуспешните врски. Важно е да знаете дека вашите чувства се валидни, без оглед на фактот дека тие не беа возвратени. Секогаш мора да им дадете вредност на вашите чувства.

Комуникацијата е клучот на сè

О, да, сите бевме во позиција кога го анализиравме секој негов гест, но немавме храброст да поставиме едно едноставно прашање, бидејќи веројатно се плашевме од одговорот. Сепак, сега кога сите лоши искуства се зад нас, знаеме дека основата на добрата врска е искрената комуникација, затоа што е важно да знаете на што сте.

Напиши коментар