Free zone

Трик кој ќе го обожавате: Направете совршени локни со помош на само еден стар чорап!

Како и сите безвременски стилови, локните никогаш не излегуваат од мода, но од време на време се апсолутен хит! Така ќе биде и во сезоната пред нас, а токму затоа ви откриваме многу невообичаен начин за нивно правење.

Да споменеме веднаш, нема да ви треба преса за коса, ниту фен за коса или фигаро… Ништо што испушта топлина и ништо што ја оштетува вашата коса.

Измијте ја косата и исушете ја така што ќе биде скоро целосно сува, а потоа исчешлајте ја и подигнете ја во висок реп.

Земете стар чорап, исечете го делот наменет за прстите, а потоа провлечете го целиот реп низ чорапот. Поделете го на два дела. Прво завиткајте го едниот дел околу чорапот, а потоа и другиот. Во последната фаза, зацврстете ги краевите со шноли и легнете да спиете.

Кога ќе се разбудите, нежно извлечете ги шнолите, отплеткајте ја косата и уживајте во совршените локни!

Напиши коментар