Free zone

Трик што ќе ви помогне да направите убави кадрици само со помош на чорапи!

Како и сите безвременски стилови, кадрици никогаш не излегуваат од мода, но тие се апсолутен хит од време на време! Така ќе биде и во сезоната пред нас и затоа ви откриваме многу невообичаен начин за нивнa изработка.

Нема да ви треба пегла за коса, фен за коса или фигаро … Ништо што испушта топлина и ништо што ја оштетува косата.

Измијте ја косата и исушете ја така што е скоро целосно сува, а потоа исчешлајте ја и подигнете ја во висока опашка.

Земете стар тери чорап, исечете го делот наменет за прстите, а потоа навојте ја целата опашка низ чорапот. Поделете го на два дела. Прво завиткајте еден дел околу чорапот, а потоа и другиот. Во последната фаза, зацврстете ги краевите со шноли и легнете да спиете.

Кога ќе се разбудите, нежно извлечете ги жиците, отплеткајте ја косата и уживајте во совршените кадрици!

Напиши коментар