Free zone

Утрински пијалок за брзо зајакнување на ИМУНИТЕТОТ

Овој чудесен пијалок го зајакнува имунитетот до максимум

Несоницата, лошата исхрана, стресот, брзиот начин на живот можат да го ослабнат нашиот имунитет. Овој рецепт за потполно природен пијалок ќе ви помогне да го вратите имунитетот во живот.

Одлично е што можете да го направите и дома, бидејќи состојките ги имате во вашата кујна. Содржи мед, лимон и јаболков оцет. Овие состојки се полни со витамини, минерали и имаат антимикробно дејство. Антиоксидантните супстанции спречуваат воспалителни процеси во телото и ги подобруваат одбранбените механизми на организмот.

Пијалокот е одличен за подобрување на нивото на шеќер во крвта и регулирање на холестеролот.

Пијалок за зајакнување на имунитетот со јаболков оцет

Компоненти:

2 чаши топла вода
2-3 вреќички чај од камилица
30 мл јаболков оцет
30 мл свежо исцеден сок од лимон
1 лажица органски мед

Подготовка:

Попарете ги со врела вода вреќичките чај од камилица и оставете 5-10 минути. Исцедете го чајот, а потоа додадете јаболков оцет, сок од лимон и мед. Промешајте го пијалокот и оставете го да се излади.

Можете да го пиете веднаш, и можете да го пиете во текот на целиот ден. Чувајте го пијалокот во фрижидер.

Забелешка: Пијалокот не се препорачува за лица со гастритис и чувствителен стомак.

Напиши коментар