Celebrity

Ужива на заслужен одмор: Џенифер Лопез ја покажа својата совршена фигура во црвено бикини!

По спектакуларниот настап за новогодишната ноќ на њујоршкиот Тајмс Сквер, латино дивата ужива во заслужениот одмор, а своите верни фанови на Инстаграм ги почести со издание во црвено бикини.

Позната како голем професионалец во индустријата на шоу-бизнисот, 51-годишната Џенифер Лопез со денови вредно се подготвуваше за својот новогодишен настап на њујоршкиот Тајмс Сквер, со што успеа да ги надмине сите очекувања на јавноста.

Неколку дена подоцна, со својот пост на Инстаграм, таа навести дека е на заслужен одмор во тропските предели.

Таа ја истакна својата препознатлива фигура, за која, меѓу другото, може да му се заблагодари на секојдневниот тренинг, овој пат со модел на црвено бикини и ефективна, персонализирана наметка со потпис на модната куќа Версаче.

Таа уште еднаш го истакна своето издание за уживање на плажа со златни обетки, кои станаа нејзин заштитен знак.

Напиши коментар