Близнаците се најлудиoт хороскопски знак.
Во овој знак се раѓаат луѓе со многу непредвидлив карактер, кои го менуваат расположението од момент во момент.
Тие се познати по своето лицемерие и неочекувани реакции во однесувањето. Можеби на прв поглед изгледаат мирни и добронамерни, но набрзо потоа стануваат хистерични и параноични и треба да им се пристапи со претпазливост.
Близнаците можат да бидат добро друштво ако знаете како да се справите со нив и како да ги контролирате нивните емоции, но таа задача не е воопшто лесна. Сепак, поради нивните квалитети во другите области, пријателите и колегите имаат тенденција да претрпат некои нивни ненадејни луди епизоди и да им бидат поддршка во тие моменти.