Еден човек од Кларксонвил, Тенеси и ја исполни последната желба на неговата мајка, која страда од амиотрофична латерална склероза (АЛС), да присуствува на неговата венчавка, а изненадувањето што го приреди ги расплака сите гости.
На Тери Хајтауер (57) и била дијагностицирана оваа болест во декември 2019 година и до летото 2020 година веќе не можела да оди.
Сепак, и покрај влошената здравствена состојба, таа сонувала да присуствува на свадбата на нејзиниот син Скутер, на 9 октомври минатата година.
Вистинското изненадување се случило кога дошло времето за првиот танц, а Скутер и неговото семејство ја догурале неговата мајка, која седела во инвалидската количка, до подиумот.
Додека 150 гости ги гледаа, седејќи настрана, Скутер со помош на неговиот татко ја кренал мајка си во раце и почна нежно да ја нишка. Потоа ја ставил главата на нејзиното рамо и заплакал, шепотејќи нешто за време на емотивниот танц.
Потоа и гостите започнале да плачат, а и младата Афтин (25), кој помогнала да се подготви изненадувањето.
Снимателот успеал да го овековечи овој трогателен момент, а видеото завршило многу брзо на социјалните мрежи, каде го гледаа милиони луѓе.
За жал, Тери почина две недели подоцна како резултат на болеста, па дури и денес, семејствата не престануваат да добиваат пораки од луѓе кои го гледале ова емотивно видео.
„Не можеме да веруваме колкаво влијание имаше низ целиот свет. Стотици, илјадници луѓе се свртеа кон нас покажувајќи ја својата љубов и сочувство. Сепак, тоа беше горчлив момент, знаејќи значи тоа и за Тери и за Скутер, во споредба со она што се случи подоцна. Се надеваме дека ова видео ќе ја подигне свеста за луѓето кои се борат против АЛС“, изјави Афтин за медиумите.