After Midnight

Внимавајте: Ова води кон раскинување на врската!

Често се претпоставува дека луѓето раскинуваат поради големи работи, како што е неверството, но најчесто причините за раскинување се кријат во секојдневните фрустрации што само се собираат, како што се викање и недостаток на внимание.

„Секоја врска започнува со зљубеност и идеализирање на партнерот, но се почесто завршува со несовладливи разлики во карактерот.

Иако за врската одлучуваат големи работи, како што е мамењето, статистиката покажува дека повеќето врски и бракови се расипуваат поради „натрупани ситници“ што луѓето не ги препознаваат на време.
Ова се најчестите причини за прекин на врската:

Недостаток на внимание
Тој отсутно клима со главата , додека таа објаснува нешто. Или таа го проверува нејзиниот мобилен телефон додека тој се жали за проблем факултет. Ова се само некои од сценаријата.

Ако не му посветиме доволно внимание на партнерот, му кажуваме дека не сме заинтересирани за него и дека другите работи ни се поважни. Тој ќе го толерира тоа некое време, но со тек на време ова ќе прерасне во фрустрација.

Врската може да се подобри ако свесно го контролираме нашето однесување и поставиме некои правила, како што е договорено време за разговор без прекини или вечера за двајца со исклучени мобилни телефони.

Наметнување свои правила
Без разлика дали вашиот партнер постојано се жали затоа што ги расфрлате работите или вие му префрлате затоа што не учествува во домашни работи, најчесто секој за себе мисли дека е во право. Сметаме дека ваквото однесување е прифатливо затоа што доколку другата страна се покорува и ги почитува нашите правила, немаше да има проблем.

Наметнувајќи свои сопствени правила, ние не само што се поставуваме супериорни во однос на партнерот, туку јасно демонстрираме колку сме попаметни и кој на кого треба да му биде подреден, па на почетокот ги отфрламе неговите предлози и го казнуваме за непослушност.

Наместо да ги браните своите ставови и позиција, подобро е да се насочи енергијата кон компромис, договор во кој и двајцата ќе предложите правила и ќе бидете обврзани да ги почитувате.

Преправање дека сè е во ред
Ако едниот од партнерите е загрижен и е под стрес, а другиот му каже да се опушти и да заборави на тоа, тој став изгледа контрапродуктивен за врската. Поради тоа, партнерот, кој е под стрес, чувствува дополнителен притисок дека треба да се расположи, а тоа обично не резултира со смеа и среќа, туку – лутина.

Заземајќи лежерен став и претворајќи сè во шега, се преправаме дека проблемот не постои и ги потценуваме чувствата на партнерот. За да го спречите ова, применете две стратегии.

Прво замислете се во позиција на вашиот партнер за да добиете впечаток како се чувствува, а потоа признајте го неговото расположение и дајте му слобода да се чувствува така. Ова нема да создаде јаз меѓу вас и ќе поттикне разбирање.

Извлекување на работите од минатото
Повеќето расправии во врската се сведуваат на три до четири главни теми за кои секогаш има што да се каже. Ова обично се случува затоа што не сте го решиле проблемот до крај и во принцип сте се согласиле на компромис. Но, долгорочното незадоволство не е решение, туку факел што тлее, бидејќи секоја следна ранлива ситуација ќе разбуди спомени за ова нерешено прашање.

Враќањето на истите теми ја менува врската, поттикнува кавги и го оневозможува наоѓањето задоволство во врската. Со текот на времето, сè станува црно, а самата врска го губи своето значење. И покрај проблемите, основата на љубовната врска треба да бидат нештата и желбите што ве врзуваат.

Занемарување на изгледот и земање „здраво за готово“
Во подолгите врски, занемарувањето на сопствениот изглед е вообичаено, од едната или од двете страни. Ако престанувате да се грижите за вашиот физички изглед и ги игнорирате правилата за пристојно однесување, тешко е да очекувате дека вашиот партнер ќе ве смета за привлечна/ ен како на почетокот.

Вашиот партнер може да помисли дека сте го зеле здраво за готово и дека повеќе немате мотивација.

Затворете ја вратата од бањата зад вас и обидете се да останете во добра форма за да можете да го очекувате истото од вашиот партнер. Иницирајте интимност и романтична атмосфера и не дозволувајте вашиот партнер да почне да ве доживува како „цимер“.

Напиши коментар